Дејан Манасков сезонава прв стрелец во Веспрем (ФОТО)

После одигрување на 40 натпревари во оваа сезона на Листата на стрелците во редовите на Веспрем на првото место се наоѓа репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков.

Левото крило досега постигна 135 гола во сите натпреварувањаи со нив ја има позицијата број 1 на листата во тимот. После вчерашната добра игра во полуфиналето од Купотна Унгарија успеа да се позиционира на првото место со гол повеќе од Андреас Нилсон и четири пред Гашпер Маргуч и Петар Ненадиќ.

Ова се четворицата ракометари кои сезонава играат најефикасно во редовите на Веспрем и е знак дека тие може да бидат клучни играчи кои би го донеле составот на Веспрем до титули сезoнава.