Дејан Манасков нема да игра против Луксембург, можеби и против Турција

Македонската сениорска репрезентација денеска со првиот собир означи старт на подготовките за настапот во квалификациите за ЕП 2024 година.

Селекторот Кире Лазаров има проблем пред двомечот, а тоа е повредата на левото крило Дејан Манасков.

Ракометарот на Вардар заработил удар во ребрата на дуелот против Охрид минатиот викенд, па нема да се ризикува на дуелот со Луксембург.

Доколку добие дозвола од медицинскиот тим, можеби ќе биде во комбинација за вториот двобој против Турција на гостински терен.

Натпреварот со Луксембург, Македонија ќе го игра на 12 октомври од 19:00 часот, додека со Турција средбата е на 16 октомври од 16:00 часот.