Дејан Манасков го наполни голот на Веспрем

Екипата на Веспрем оствари нова убедлива победа во првенството на Унгарија откако на гостувањето кај составот на ККФТ Веспрем во 4. коло триумфираше без многу проблеми со 25:37.

Левото крило на репрезентацијата на Македонија, Дејан Манасков имаше одлично и ефикасно издание во дресот на Веспрем. Тој за четириесетина минути на теренот постигна девет погодоци со две промашувања.

Веспрем уште во првото полувреме обезбеди високо водство кое беше доволно за конечен триумф. На полувреме тимот на Манасков водеше 12:23. Во вториот дел само ја потврдија победата.

Во четвртиот натпревар во сезоната Веспрем ја оствари и четвртата победа и се наоѓа на втората позиција за ПИК Сегед кој има шест победи во исто толку натпервари. Во следното коло тимот на Манасков игра на домашен терен против Кечкемети.