Десподовска и Кобержице испишаа историја – по трилер победа ќе се борат за трофеј во Купот!

Македонската интернационалка, Зорица Десподовска, заедно со екипата на Кобержице обезбедија финале во Купот на Полска откако во полуфиналето против Љублин направија големо изненадување, триумфираа со еден гол разлика, 27:26 и за првпат во клупската историја ќе се борат за трофеј.

Десподовска и нејзините соиграчи при нерешен резултат од 26:26, по истекот на времето од слободен удар постигнаа гол за голема победа, со што ќе имаат шанса да се борат за освојување на Куп титулата во оваа сезона.

Левиот бек од Македонија на овој натпревар двапати се запиша во листата на стрелци. Во финалето, кое е закажано за 28 мај, Кобержице ќе игра против екипата на Заглебје, која во првото полуфинале запиша убедлива победа против Пјотрковија, со резултат 34:24.

Екипата на Десподовска до почетокот на финалето од Купот ќе ги одигра последните четири натпревари од Супер лигата.