Десподовска го водеше Кобержице до нов триумф, обезбеден е настап во Европа

Тимот на Кобержице, каде што настапува македонската интернационалка Зорица Десподовска, славеше нов триумф во полскиот шампионат.

Кобержице беше подобар од незгодниот Старт Елблаг на гостински терен со 25-28 во натпреварот од 26. коло.

Десподовска беше втор стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне пет погодоци на овој дуел.

Кобержице е трет на табелата со 55 бодови, но и натпревар помалку од Перла Лублин, па ќе има шанса да се избори и за вицешампионското место, но настапот во Европа е веќе обезбеден.