Деспина го освои Скопје и запиша нови три бода

Во рамките од 19.коло од Женската лига, Деспина забележа убедлива победа против Шампион со 28:18.

Домаќинките имаа лош почеток, а првиот гол го постигнаа во 8. минута преку Петровска. Ракометарките на Деспина ги искористија грешките на противникот и постепено ја градеа својата предност. Прилепчанки во текот на 20. минута имаа предност од 10:5. Првото полувреме заврши со резултат 15:8 за екипата на Деспина.

Во вториот дел, Деспина рутински си ја заврши својата задача. Ракометарките на Шампион со серија од три гола намалија на 15:20. Екипата од Прилеп со голот на Димитрова повторно зголеми на шест гола разлика, 21:15. Во последните десетина минути немаше голема промена на резултатот. Деспина освои нови три бода и се зацврсти на 5. позиција на табелата.

Најефикасна во составот на Деспина беше Мери Конеска со шест гола. Во Шампион, Нина Неделковска беше најефикасна со пет гола.