Десниот бек се враќа дома – Андре Буторац ќе игра за Еурофарм Пелистер 2

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 продолжува со составувањето на ростерот за следната натпреварувачка сезона во елитното друштво.

Нов играч во редовите на битолскиот клуб би требало да биде младиот десен бек Андре Буторац.

Станува збор за битолчанец, кој се враќа во матичниот клуб по една сезона мината во Скопје во редовите на Голден Арт КЛ7.

Претходно Еурофарм Пелистер 2 ги договори и трансферите на искусните Благојче Трајкоски и Милан Ѓукиќ.