Десетка за Симона Гроздановска

Тимот на Винтертур, каде што настапува македонската интернационалка Симона Гроздановска загуби на домашен терен од Кројцлинген.

Во натпревар од 9 коло во швајцарскиот шампионат, Кројцлинген беше подобар со 25-21, откако и на полувреме водеше со плус три, 11-14.

Македонската интернационалка беше најдобра на теренот во двете екипи и успеа да постигне десет погодоци.

Гроздановска е некогашната ракометарка на Металург, Кале Кичево, Кабран Амбалажа, ТК Бренд, Кастамону, Муратпаша, Беледије и ПАОК.