Десетка за Алмеида, Куманово го доби дербито со Чаир

Актуелниот лидер во Женската лига, Куманово, пред своите навивачи оствари победа против петтопласираната екипа Чаир, со резултат 29:24, во натпревар од 9. коло од плеј-оф фазата.

По неколку неискористени напади на двете страни, мразот беше скршен од страна на домаќинот во 4. минута кога преку Алмеида поведе со 1:0. Грешките на двете страни се зголемуваa, а составот на Куманово до првата половина од првиот дел никако не можеше да се одлепи на поголема позитива од еден гол. Чаир добро парираше и со голот на Гулицоска израмни на 2:2.

За неколку минути игра следуваше серија од два гола за домаќинките за плус два гола разлика, 4:2. Чаирчанки возвратија со поголема мера и со три гола во низа дојдоа до првото водство на натпреварот, 4:5. Во следниот период и двете екипи се менуваа во водство, па така резултатот најчесто беше нерешен. Куманово успеа во завршниот дел од првото полувреме да направи мини серија и на пауза да замине со плус три, 12:9.

По водството на Куманово од 14:11 во вторите 30. минути, Чаир со головите на Рахмани и Ѓеоргиевска намали на минус еден гол негатива, 14:13. Домаќинките ја одржуваа резултатската предност и во 40. минута го вратија водството од плус три гола разлика, 17:14. До крајот на натпреварот немаше поголема промена на резултатот бидејќи домашната екипа константно беше во водство, кое беше надоградено за конечни 29:24.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката од редовите на Куманово, Алмеида Коста Андреза со десет погодоци. Кај Чаир одлична партија одигра Теодора Гулицоска со осум постигнати погодоци во мрежата на домаќинот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124