Дерби меѓу најдобрите четири во еден ден

Во Групата А денеска првиот и четвртиот натпревар носат дерби пресметки во кои се соочуваат составите кои се на првите четири позиции и се во разлика од само еден бод.

Први на терен излагаат Аеродром и Шампион и ова ќе биде дуел на кој сигурно ќе има што да се види и од двете страни.

Откако вчера Шампион загуби од Драчево денеска не смее да дозволи нов кикс и мора да нападне со сите сили против Аеродром. Нема да биде лесно против уште еден кандидат за плеј-оф и затоа ова ќе биде тест за двете екипи.

Последниот дуел на програмата е меѓу Драчево и Јехона, а ова значи дека ќе има ново надигрување во кое влогот е голем и на двете страни така што се очекува да има неизвесност и битка до крајот за бодовите.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

БОРЕЦ – АЕРОДРОМ     24:45 (ИЗВЕШТАЈ)

ШАМПИОН – ДРАЧЕВО                29:37 (ИЗВЕШТАЈ)

ЈЕХОНА – ПРЕСПА            25:24 (ИЗВЕШТАЈ)

КИЧЕВО – РИНИА М       28:33 (ИЗВЕШТАЈ)

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

НЕДЕЛА, 18 ОКТОМВРИ

12:15ч

АЕРОДРОМ – ШАМПИОН

Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

14:30ч

ПРЕСПА 2015 – КИЧЕВО 2020

Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје. Делегат: Владимир Саздоски од Скопје.

16:45ч

РИНИА М – БОРЕЦ

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

19:00ч

ДРАЧЕВО – ЈЕХОНА

Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Саше Јанкулоски од Битола.

* Натпреварите се играат во салата „Круме Кепески“ во Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Аеродром 10 бода (149:95); 2. Драчево 10 (127:105); 3. Јехона 9 (138:122); 4. Шампион 9 (128:117)…