Драчево го совлада Шампион и го симна од врвот во Групата А

Во интересен натпревар во кој имаше 20 минути особено голема резултатска неизвесност составот на Драчево му го нанесе првиот пораз сезонава на тимот на Шампион. Драчевци победија со 37:29 така што останаа непоразени и со ист број на бодови како и Аеродром после 4. коло.

Играта беше израмнета во првиот период од средбата. И двете екипи се трудеа да се одржат резултатски и беа близу, а беше прашање кој ќе успее прв да дојде до предност и да се одвои.

Тоа им успеа на ракометарите на Драчево кои после 10:10 стигнаа и до плус четири и водеа со 15:11. После ова беше полесно, но на крајот од првите 30 минути резултатот беше 17:14.

Во вториот период Шампион не успеа да го одржи ритамот и да се врати во мечот. Драчево набрзина успеа да се избори за предност од десет погодоци. Дојде до 28:18 и тука веќе го реши победникот. Остана само прашањето до крајот која ќе биде разликата.

Немаше потреба да се форсира, па на крајот резултатот беше 37:29 за Драчево со што овој тим го симна составот на Шампион од врвот во Групата А.

ШАМПИОН – ДРАЧЕВО               29:37 (14:17)

Сала: „7 Март“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

ШАМПИОН: Ступар, Ивчески, Игнов 3, Мишоски, Дрпљанин 4, Стефановски 1, Димовски, Јанаќиевски 1, Налетовски, Мојсовски 4, Марковски 4, Миланов 6, Стојановски 6, Манојлоски, Иванов, Миноски

Седмерци: 4/7, Исклучувања: 14 мин.

ДРАЧЕВО: Павловски, Пејковски 1, Петровски, Димовски 2, Тевдовски, Трајковски 1, Андовски 4, Ристовски 4, Соколовски 1, Дабевски 5, Николовски 1, Ангелов 14, Атанасовски 1, Петковски 2, Јаховиќ 1, Ангеловски

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 8 мин.