И Риниа М се израдува на прволигашки бодови

Екипата на Риниа М го искористи играњето на домашен терен за да обезбеди победа во 4. коло од Првата машка лига. Денеска тие го совладаа составот на Кичево 2020 со 33:28 така што стигнаа до три поени.

Риниа М успеа да создаде предност уште во првите 30 минути за да може да одигра мирно и во продолжението.

Петте гола разлика кои Риниа ги имаше после завршувањето на првото полувреме беа сосема доволни за да може да се дојде до предност која во продолжението ќе биде доволна за да се одигра мирно и да се обезбедат бодови.

Вториот дел заврши со нерешени 17:17, но предноста од првото полувреме беше и повеќе од доволна за да може да се има сигурност и да нема дилема кој ќе заврши како победник од оваа средба.

КИЧЕВО 2020 – РИНИА М            28:33 (11:16)

Сала: „7 Март“ во Скопје. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

КИЧЕВО 2020: Данилоски, Петкоски, Мирчески 2, Јакимоски, Јолески, Јаковлески 2, Анѓелевски 2, Смилески 4, Михајлоски, Зафироски, Наумоски 5, Наумовски 1, Тошев, Јованоски, Новески 2, Крстески 10.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 6 мин.

РИНИА М: Енес Мемеди, Тахири, Емини 12, Весов 3, Сулејмани 8, Исмаили 5, Енис Мемеди 4, Туша 1, Идризи, Мемети.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 4 мин.