Денис Бунтиќ ќе го „оправа“ својот Извиѓач

Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Денис Бунтиќ се враќа дома но во нова улога. Тој ќе стане спортски директор на клубот од каде што потекна, а тоа е Извиѓач.

Шампионот на Босна и Херцеговина е во големи проблеми сезонава. Тие бележат многу слаби резултати, се наоѓаат на седмата позиција со 17 бода додека првопласираниот Борац од Бања Лука е прв со 30 бода.

Во последното коло Извиѓач загуби 28:30 од Локомотива, а во следното коло се сретнува со послабопласираната Искра што би можело да биде пресвртница за клубот со помош на „своето дете“, Денис Бунтиќ.

Во богатата кариера Денис има играно за многу европски гиганти, а од репрезентацијата се прости после Европското првенство 2018 во Хрватска.