Christopher Rudeck; Kay Smits;

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Ќе бидат познати два патника во Келн, дерби во Женската лига

Денес ќе ги дознаеме првите два патници на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Со почеток од 18:45 часот играат екипите на Магдебург и Висла Плоцк, додека од 20:45 часот се очекува многу возбудувања на дуелот меѓу најбогатиот европски клуб ПСЖ и бундеслигашот Кил.

Првиот дуел четвртфинален дуел меѓу екипите на Магдебург и полскиот вицепрвак заврши без победник, 22:22.

Магдебург се наоѓа во големи проблеми бидејќи повредени се тројца важни играчи. Станува збор за Гисли Кристјансон и Филип Вебер, кои настапуваат на позицијата среден бек, и кружниот напаѓач од Шведска, Оскар Бергендал

ПСЖ на домашен терен ќе има залиха од четири гола, на првиот четвртфинален дуел против Кил победи со 31:27.

Во Македонија ќе се одиграат последните два дуели од плеј-оф фазата во Женската лига.

Шампионот Ѓорче Петров ќе гостува во Чаир, додека освојувачот на Куп трофејот за оваа сезона, тимот на Куманово, на свој терен ќе ја пречека незгодната Стружанка.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:00 КАРВИНА – ПЛЗЕН (ЧЕШКА)

18:00 ЧАИР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)

18:30 ОЛИМПИЈАКОС – АЕК АТИНА (ЧЕШКА)

18:45 МАГДЕБУРГ – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

19:30 МЕТАЛОПЛАСТИКА – ПАРТИЗАН (СРБИЈА)

19:30 КОПЕНХАГЕН – СИЛКЕБОРГ (ДАНСКА)

19:30 ЕСБЈЕРГ – ИКАСТ (ДАНСКА)

19:30 ОДЕНСЕ – НИКОБИНГ (ДАНСКА)

19:30 ВИБОРГ – АРХУС (ДАНСКА)

20:30 НИМ – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)

20:30 КУМАНОВО – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)

20:45 ПСЖ – КИЛ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)