ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на прв тест со Норвешка Б, Кил го чека ПИК Сегед, Целје оди кај Барса

Денеска ќе се одигра првиот од двата предвидени пријателски натпревари меѓу женските репрезентации на Македонија и Норвешка Б.

На европските терени со четири натпревари во Лигата на шампионите ќе се комплетира третото коло во најквалитетното европско натпреварување.

Екипата на Целје, која во минатото коло славеше над Кил, денес силите ќе ги одмери со актуелниот европски шампион Барселона, додека „зебрите“ на свој терен ќе го пречекаат незгодниот состав на ПИК Сегед.

Интересно се очекува да биде и во Полска каде екипата на Висла Плоцк ќе игра против ГОГ, кој во 2. коло ремизираше против Динамо Букурешт, а на стартот триумфираше против Загреб.

Елверум на гостувањето кај Нант ќе ја брка првата победа во новата сезона и ќе се обиде да дојде до изненадување.

Освен натпреварите во Лигата на шампионите, денес ќе се игра и во шампионатот на Франција, Германија, Естонија, Исланд, Шведска, Швајцарија и Турција, а ќе стартува и Златната лига во женска конкуренција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 ТАПА – МИСТРА (ЕСТОНИЈА)

18:00 НОРВЕШКА – ШВАЈЦАРИЈА (ЗЛАТНА ЛИГА)

18:00 МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКА Б (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

18:45 КИЛ – СЕГЕД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:45 ВИСЛА ПЛОЦК – ГОГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

19:00 ГУИФ – ИШТАД (ШВЕДСКА)

19:05 БЕРГИШЕР – РАЈН НЕКАР (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ХАМ ВЕСТФАЛЕН -ВЕЦЛАР (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 МИНДЕН – ХАНОВЕР (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ШТУТГАРТ – ЛЕМГО (БУНДЕС ЛИГА)

20:00 ДАНКЕРК – ТУЛУЗ (ФРАНЦИЈА)

20:00 ВАЛУРГ – КА (ИСЛАНД)

20:30 СЕСОН – ИСТР (ФРАНЦИЈА)

20:30 ШАФХАУЗЕН – КРИЕНС (ШВАЈЦАРИЈА)

20:30 ДАНСКА – ХОЛАНДИЈА (ЗЛАТНА ЛИГА)

20:45 БАРСЕЛОНА – ЦЕЛЈЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

20:45 НАНТ – ЕЛВЕРУМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

21:40 РЕЈКЈАВИК – ХОРДУР (ИСЛАНД)