ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува ТВ турнирот на шампионите во Добој

Денеска стартува 54. издание на ТВ турнирот на шампионите во Добој, со еден натпревар што ќе биде одигран од 21:15 часот.

По свеченото отворање што е планирано за 20:30 часот, ќе следува натпреварот меѓу домаќинот Слога и францускиот Монпелје.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од утре ќе ги стартува натпреварите, а прв ривал му е египетскиот Ал Ахли.

На 16 август битолчани ќе играат со Слога Добој, на 17 август против Монпелје, а на 18 август ќе биде дуелот за пласман.

Во групата Б се Загреб, Војводина, Барселона и Целје.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

21:15 СЛОГА ДОБОЈ – МОНПЕЛЈЕ

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!