ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци на мегдан со Алборг, Порто и Митревски по втора победа во ЛШ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес ќе го одигра вториот натпревар во Лигата на шампионите.

Пелистерци за втор ривал го имаат данскиот вицепрвак Алборг, кој во првото коло славеше над Келце со 34:31.

Еурофарм Пелистер по поразот од Колстад во првото коло од Лигата на шампионите, како и домашниот пораз од Вардар, ќе има тежок предизвик во денешниот дуел против Хансен и колегите.

Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во „Шпаркасен Арена“ со почеток од 20:45 часот.

Екипата на Порто, во која настапува голманот Никола Митревски, ќе биде гостин во Словенија кај Целје.

Порто во првото коло ја изненади Висла Плоцк триумфирајќи со 24:23. Иако Целје не стартуваше според посакуваното ниту во елитата, ниту во словенечкиот шампионат, не е тим против кого треба однапред да се планираат бодовите.

Интересен дуел се очекува и на средбата меѓу ГОГ и Висла Плоцк. Двете екипи ќе се борат за освојување на првите бодови во новата сезона.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:00 МЕШКОВ БРЕСТ – КРОНОН (БЕЛОРУСИЈА)

17:00 ДЕБРЕЦЕН – ДУНАЈВАРОШ (УНГАРИЈА)

18:00 МТК – ФТЦ (УНГАРИЈА)

18:00 ПАНЧЕВО – ПРОЛЕТЕР (СРБИЈА)

18:00 ТАЛИН – МИСТРА (ЕСТОНИЈА)

18:15 СОЛА – ВАЈПЕРС (НОРВЕШКА)

18:30 ВАЦ – ЃЕР (УНГАРИЈА)

18:30 АРХУС – СИЛКЕБОРГ (ДАНСКА)

18:30 СКАНДЕБОРГ – ВИБОРГ (ДАНСКА)

18:30 СОНДЕРЈУСКЕ – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)

18:45 ЦЕЛЈЕ – ПОРТО (ЛШ)

18:45 ВИСЛА ПЛОЦ – ГОГ (ЛШ)

19:00 ХИФК – СИФ (ФИНСКА)

19:00 КОПЕНХАГЕН – ИКАСТ (ДАНСКА)

19:30 ФАЈВЕРС – КРЕМС (АВСТРИЈА)

20:00 НИКОБИНГ – ОДЕНСЕ (ДАНСКА)

20:45 АЛБОРГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛШ)