ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на тест со јужниот сосед во Маврово

Машката кадетска репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за настапот на ЕХФ шампионатот во Летонија.

Избраниците на Раде Стојановиќ, во последната фаза на подготовки ќе одиграат два контролни натпревари против јужниот сосед на Македонија.

Првиот натпревар се игра денеска во Маврово, а утре исто така ќе има уште една средба на истото место.

Македонија од 8 до 15 август ќе биде од ЕХФ шампионатот во Летонија, а покрај домаќинот наши ривали ќе бидат уште Турција и Косово во групната фаза.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

19:30 МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)