ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на втор тест против јужниот сосед

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот и последен пријателски натпревар пред стартот на ЕХФ шампионатот.

Ривал на избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде селекцијата на јужниот сосед, која исто така се подготвува за настап на ЕХФ шампионат.

На првиот дуел, Македонија славеше со два гола разлика, 25-23, а денешниот натпревар ќе започне од 12:30 часот во Маврово.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:30 МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)