ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Завршен ден на Европското и Светското кадетско првенство

Денес на Светското кадетско првенство во машка конкуренција и на Европското кадетско првенство во женска конкуренција ќе се одиграат финалните дуели.

На Светското првенство во Хрватска за златото ќе се борат репрезентациите на Шпанија и Данска, додека домашната селекција со почеток од 17:30 часот ќе се соочи со Египет во дуел за бронзата.

За 5 место ќе играат Германија и Португалија, а репрезентациите на Фарски Острови и Норвешка ќе имаат дуел за 7. позиција.

Во финалето на Европското кадетско првенство ќе ги гледаме Данска и Франција. За бронзениот медал на кадетскиот континентален собир во Црна Гора ќе играат Хрватска и Германија.

Светско кадетско првенство:

12:30 НОРВЕШКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ

15:00 ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА

17:30 ХРВАТСКА – ЕГИПЕТ

20:00 ШПАНИЈА – ДАНСКА

Европско кадетско првенство:

11:15 ЦРНА ГОРА – ХОЛАНДИЈА

13:30 УНГАРИЈА – СРБИЈА

15:45 ХРВАТСКА – ГЕРМАНИЈА

18:00 ДАНСКА – ФРАНЦИЈА

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!