Демант од Монпелје – Симоне не оди никаде!

После вчерашната информација на француските медиуми дека Диего Симоне има намера да си замине од Монпелје и да се пресели во Шпанија реагираше раководството на францускиот клуб, објавувајќи демант.

Вчерашните информации од „Миди Либре“ беа дека Симоне најверојатно си заминува од Монпелје, а како негова замена ќе пристигне Сташ Скубе кој би бил позајмен од Келце. Но сега ова е демантирано од претседателот на Монпелје, Жулиен Делжари.

„Клубот продолжува со политиката на продолжување на соработката со најважните играчи. Ќе продолжиме да правиме силен тим, посебно затоа што се ближи нашето 40-годишно постоење. Клубот за тоа навремено ќе ги информира медиумите и навивачите. „Миди Либре“ многу несериозно се обиде да ја дезинформира јавноста за заминување на Диего Симоне. Таа информација не е точна и многу ми е жал што беше пренесувана од голем број медиуми. Не е убаво вакви работи да се случуваат на само 48 часа пред реванш натпревар од осминафинале во Лигата на шампионите“.

Потврди дека имале разговор со Симоне и се блиску до продолжување на соработката.

„Неодамна разговарав со Диего за јубилејната сезона и му ставив до знаење дека сакаме да продолжиме да соработуваме. Симоне и понатаму ќе биде важен дел од Монпелје. Нашите навивачи можат да бидат сигурни дека тој ќе го продолжи заедничкиот пат започнат уште во 2013 година“, стои во соопштението од претседателот Делжари.