Дел повредени, дел на СП: Барса со двајца ракометари ќе ги започне подготовките!

Aктуелниот европски шампион Барселона кон крајот на месец јануари ќе ги започне подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезона 2022/23, но тренерот Карлос Ортега на располагање ќе има само двајца ракометари.

Најголемиот дел од играчите на Барселона ќе учествуваат на Мундијалот во Полска и Шведска. Како што е веќе познато, 11 играчи од каталонскиот гигант со своите репрезентации ќе настапат на Светското првенство.

Карлос Ортега на првата прозивка ќе ги има на располагање само голманот Емил Нилсен, кој не доби повик од данскиот селектор Николај Јакобсен и младиот пивот Артур Парера.

Неколку ракометари во екипата на Барселона се повредени. Станува збор за бразилскиот лев бек Ханиел Лангаро, потоа францускиот репрезентативец Тимоти Н’Гесан, како и крилата на „црвената фурија“ Аитор Арињо и Алеиш Гомез.