Деветка на Манасков, Веспрем го наполни голот на Егер

Екипата на Веспрем имаше уште едно одлично издание во домашното првенство и во натпревар од 17. коло на домашен терен против Егер славеше убедлива победа со 44:28.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков имаше фантастично издание на овој натпревар и беше прв стрелец во својот тим со девет погодоци со само едно промашување.

Веспрем многу рано ја обезбеди победата на натпреварот и одигра како на тренинг против послабиот ривал. Ракометарите на Егер имаа многу проблеми со цврстата одбрана на шампионот и тешко постигнуваа голови, за 16 минути игра имаа само два гола.

На полувреме Веспрем имаше 22:11, а во вториот дел доминираше уште повеќе и продолжи да го полни голот на гостите за лесна победа. Манаков и Веспрем остануваат на првата позиција на табелата со само едно нерешено од 16 натпервари. Во следното коло повторно играат на домашен терен против Комло.