Деби со победа за Димитриевски во Втората Бундес

Интернационалецот од Македонија кој од Шпанија се пресели во Германија и во новата сезона ќе настапува за тимот на Емсдетен, Дарко Димитриевски дебитираше со победа за новиот клуб.

Димитриевски успеа да постигне еден погодок во победата на Емсдетен на гостувањето кај Елбфлоренц на кое гостинскиот тим победи со 30:29.

Во поголемиот дел од второто полувреме Емсдетен имаше предност и водство од 30:29 така што без поголеми проблеми дојде до победата и се избори за првите бодови во новата сезона.

На оваа средба, Димитриевски успеа да постигне еден погодок од три шута, а покрај тоа имаше и едно исклучување.

Како што е познато, Димитриевски минатата сезона настапуваше за Синфин во Шпанија, а летово одлучи да направи промена и да се пресели во редовите на Емсдетен.