Деби радост за струмичани: Караиванов со 15 гола го среди Радовиш

Астраион и Радовиш одиграа одличен натпревар со многу борба и неизвесност до самиот крај на дуелот. Дебитантот во Супер лигата, екипата на Астраион од Струмица имаше добро издание на првиот сезонски натпревар и стигна до дебитантскиот триумф во Супер лигата.

Со многу пресврти на резултатот на крајот Астраион славеше со 34:33 над екипата на Радовиш и покажа дека ќе има значајна улога во првенството сезонава. По првиот дел домашните имаа минимална предност од 14:13.

Домаќинот имаше добар почеток на дуелот, поведе со 3:1, а потоа и со 7:4. Гостите од Радовиш не дозволија противникот да се одлепи и со серија голови израмнија на 7:7. Се играше цврсто и борбено на двете страни, а резултатот постојано беше израмнет до крајот на првиот дел. Сепак во финишот Астраион успеа да обезбеди предност од 14:13 на полувреме.

И вториот дел повторно домашните го отворија подобро, со серија од 3:0 стигнаа до највисокото водство од четири гола 17:13. Потоа следуваше добар период на Радовиш кој успеа да ја стопи предността на противникот и резултатот да го сврти во своја полза.

Во периодот од 45. до 50 минута Радовиш ја имаше својата највисока предност од три гола и добра шанса да си замине со победа од Струмица. Астраион со добра игра во одбрана и фластер на најдобриот играч на Радовиш, Ивица Илиев успеа да направи нов пресврт и да го преземе водството. Во 56. минута беше 30:29, а домашните промашија седмерец за два предност. Сепак до крајот подобро се снајдоа и ја остварија првата победа во Супер лигата

Најефикасен во екипата на Астраион беше Митко Караиванов со 15 гола, а втор стрелец беше Јанковски со шест погодоци. За тимот на Радовиш најдобар стрелец беше Ивица Илиев со девет голови.

11 септември 2020
34 - 33
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
11 септември 2020 21:35 СУПЕРЛИГА А 2020/2021 11.09.2020 60'

Место

Спортска сала „Парк“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АСТРАИОН1434Победа
РАДОВИШ1333Пораз

АСТРАИОН

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Мите Караивановлев бек015
5Васко Наковдесен бек00
6Миливој Котевски-00
7Александар Тренчевскипивот06
9Филип Кавазовцентрален бек00
12Мартин Перовановиќголман00
14Дарко Катранџиевлево крило00
15Јован Спасовдесно крило00
16Александар Гоџировголман00
17Ѓорѓи Касаповдесно крило02
18Славе Јанковскилево крило06
33Стојан Стојановдесен бек01
69Христијан Ефтимовцентрален бек00
77Иванче Ончевцентрален бек01
99Давор Тасковиќлев бек03
 Вкупно 034

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Кристијан Ристовлево крило04
Филип Трајановдесно крило04
Ангелче Органџиевлев бек04
Зоран Стојановскилево крило03
Спасе Ѓоргиевдесно крило00
Аце Спасовлев бек01
Здравко Постоловцентрален бек06
Ристе Чаповцентрален бек00
Ивица Илиевцентрален бек09
Јован Ѓоргиевлев бек01
Славјан Пауновголман00
Мартин Трајковскиголман00
11Борче Феновцентрален бек01
 Вкупно 033

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
МЕТАЛАРИ КАМЕР