Двоцифрен број одбрани на Томовски, но само бод за Лудвигсхафен

Репрезентативниот голман на Македонија, Мартин Томовски кој настапува во Бундес лигата во составот на Лудвигсхафен имаше многу добро издание. Во претпоследното коло од првенството на гостувањето кај Минден одиграа нерешено 24:24.

Томовски бранеше во текот на целиот натпревар и забележа 12 интеервенции, но сепак неговиот тим не усепа да слави победа. Иако на полувремето Лудвигсхафен имаше предност од 14:10 до крај на дуелот Минден стигна до реми и еден бод.

Вториот интернационалец кој настапи вечерва беше Филип Мииркуловски со Вецлар кој исто така одигра нерешено нагости кај Магдебург. По 30 минути игра Вецлар имаше негатива од 11:12 но на крај се избори за бод. Миркуловски не се запиша во листата на стрелци.

Освоениот бод за Лудвигсхафен не беше доволен во борбата за опстанок и на едно коло до крај екипата ги загуби сите шанси да остане во најдобрата лига во Германија. Во последното коло тимот на Томовски го пречекува Гепинген што ќе биде и негов последен меч на голот на Бундес лигашот бидејќи од следната сезона се сели во Вардар.

Од останатите натпревари во Бундес лигата вечерва за одбележување е победата на Кил над Лемго со 33:23. Со ово триумф „зебрите“ се на чекор до шампионската титула само треба да слават во последното коло кај Рајн Некар.