Двометраш од Србија е нов пивот во Бутел Скопје

По десниот бек Душан Трифковиќ, Бутел Скопје ги засили своите редови со српскиот интернационалец Владимир Јевтиќ.

Тој настапува на пивотменската позиција и има 26 години (201 цм, 120 кг) и потпиша договор до крајот на сезоната.

„Мојот клуб во Романија беше практично пред распад, а во меѓувреме добив понуда од Бутел Скопје. Овој клуб го следам од неодамна и ми се допаѓа како се развива, па решив да ја прифатам понудата, иако имав и други опции. Слушнав само убави зборови, а покрај тоа ми се допаднаа и амбициите на клубот, кои се исти со моите. Среќен сум што ќе имам можност да играм плеј-оф во Македонија, кој според мене ќе биде најсилен во цела екс Југолсавија. Ветувам дека ќе дадам се од себе и се надевам само на најубави работи“, вели Јевтиќ.

Јевтиќ доаѓа од романскиот тим Решица, а претходно долги години беше член на некогашниот европски првак Металопластика Шабац. Настапуваше и за Железничар Ниш, пред да замине во Романија, каде одига само половина сезона. Потекнува од Металац Ваљево, а во Србија го носеше дресот и на Пролетер Зрењанин.