Двобоите меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања ќе се играат ден подоцна

Двата натпревари меѓу македонскиот Еурофарм Пелистер и унгарската Татабања од Лигата на Европа ќе се играат ден подоцна.

Тие беа планирани за 9 и 10 февруари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, но сега се поместени за 10 и 11 февруари.

Едниот од овие два меча е по распоред, додека вториот е заостанат од првото коло на европското натпреварување.

Првата средба меѓу битолчани и Татабања на 10 февруари ќе започне од 20:45 часот, додека утредента дуелот е од 17:00 часот.

Повредените ракометари – Танкоски, Велковски, Маџовски и Кушан, ги санираат своите повреди. Маџовски би требало да биде на терен кон средината на февруари по скршеницата на прстот, Кушан се враќа во стројот веќе за првите официјални средби, додека Танкоски и Велковски за две недели исто така би требало да му се стават на располагање на Жељко Бабиќ.