Две ракометарки на ФТЦ позитивни на корона, откажан натпреварот од Лигата на шампиoните!

На последното тестирање на ракометарките на ФТЦ Ференцварош пред дуелот со Кристијансанд во Норвешка, две од нив имаа позитивен тест.

Според тоа натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Кристиајнсанд и Ференцварош кој требаше да се игра во сабота од 18 часот е откажан и сè уште не се знае кога ќе се одигра.

Според норвешките власти, Унгарија е земја од црвената зона и сите кои доаѓаат во Норвешка од таа земја мораат да бидат во 10-дневен карантин и покрај негативните тестови.

Ференцварош доби дозвола да влезе во Новешка без карантин, но под услов да бидат тестирани од норвешките медицински установи и да не го напуштаат хотелот за време на претстојот. Тесрирањето беше во четвртокот, а по пристигнувањето на резултатите две ракометарки на Ференцварош се позитивни.

Двете позитивни ракометарки се изолирани, а остатокот од тимот е во карантин. Останува непознато кога ќе биде одигран натпреварот кој засега само е откажан без нов термин.