Две екс вардарки меѓу номинираните за Ол Стар тимот на ЕП

Европската ракометна федерација (ЕХФ) пред почетокот на полуфиналните битки на Европското првенство, кои ќе се одиграат во текот на утрешниот ден, ги соопшти имињата на 48 номинирани ракометарки за Ол Стар тимот.

Меѓу номинираните ракометарки се наоѓаат две поранешни членки на Вардар. Станува збор за репрезентативката на Црна Гора, Јованка Радичевиќ и словенечката репрезентативка Тамара Мавсар.

Радичевиќ на својата позиција, десно крило, за конкуренција ги има Натали Хагман од Шведска, Ангела Малештајн од Холандија, потоа Трине Остергард од Данска, Алисија Тублан од Франција и Паула Валдивија од Шпанија.

Искусната Радичевиќ, која по завршувањето на Европското првенство ќе се повлече од репрезентативниот табор, на претходниот континентален собир ја доби наградата за најдобро десно крило.

Тамара Мавсар е меѓу номинираните за најдобро лево крило. Поранешната ракометарка на Вардар има пеколна конкуренција, бидејќи во изборот се наоѓаат Ема Фрис и Елин Хансон од Данска, односно Шведска, репрезентативката на Црна Гора, Ивона Павичевиќ, Грета Мартон од Унгарија, како и Клои Валентини од Франција.

За секоја позиција има по шест играчи така што секоја од ракометарките има свои шанси доколку добие најмногу гласови од фановите. Гласањето ќе трае од денес, па сѐ до сабота до полноќ. Ол Стар тимот ќе биде објавен пред натпреварите за медал. Стручниот тим на експерти од ЕХФ ќе има прилика да одбере која ракометарка била најкорисна (МВП) на овој шампионат.

Од претходниот Ол Стар тим од 2020 година, место меѓу номинираните имаше и за Сандра Тофт, Стине Офтедал, Нора Мерк, Ана Дебелиќ и Естел Нзе Минко, која беше најкорисен играч (МВП) на првенството.

Во потесниот избор се најдоа следните ракометарки:

ГОЛМАНИ: Сандра Тофт (Данска), Клеопатра Дарле (Франција), Силје Солберг (Норвешка), Теа Пијевиќ (Хрватска), Марта Батиновиќ (Црна Гора), Јесика Риде (Шведска).

ЛЕВИ КРИЛА: Ема Фрис (Данска), Тамара Мавсар (Словенија), Елин Хансон Шведска, Грета Мартон (Унгарија), Ивона Павичевиќ (Црна Гора), Клои Валентини (Франција).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Кристина Неагу (Романија), Јамина Робертс (Шведска), Ѓурѓина Јауковиќ (Црна Гора), Орлан Канор (Франција), Хени Рејстад (Норвешка), Естел Нзе Минко (Франција).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Стине Офтедал (Норвешка), Милена Раичевиќ (Црна Гора), Грас Заади (Франција), Еставана Полман (Холандија), Елизабет Омореги (Словенија), Алина Гријселс (Германија).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Нора Мерк (Норвешка), Ана Грос (Словенија), Катрин Клујбер (Унгарија), Лаура ван дер Хајден (Холандија), Паула Аркос (Шпанија), Лаура Флипес (Франција).

ДЕСНИ КРИЛА: Јованка Радичевиќ (Црна Гора), Натали Хагман (Шведска), Ангела Малештајн (Холандија), Трине Остергард (Данска), Алисија Тублан (Франција), Паула Валдивија (Шпанија).

ПИВОТИ: Лин Блом (Шведска), Крина Пинтеа (Романија), Паулета Фопа (Франција), Наташа Љепоја (Словенија), Татјана Брновиќ (Црна Гора), Вилде Ингстад (Норвешка).

ДЕФАНЗИВЦИ: Катрин Хеиндал (Данска), Ана Дебелиќ (Хрватска), Беатрис Едвиж (Франција), Кели Дулфер (Холандија), Каба Гасама (Шпанија), Ксенија Смитс (Германија).

Фановите може  да гласаат на следниот ЛИНК.