Две екс вардарки во тимот на сезоната – Ихнева и Радичевиќ меѓу најдобрите во Турција (ФОТО)

Две ракометарки кои во минатото го носеа црвено-црниот дрес на Вардар ја продолжија својата кариера во Турција и се најдоа во тимот на сезоната.

Алена Ихнева која настапува на Коњалти со македонските итернационaлки Гакидова и Јанеска е избрана за најдобар лев бек во првeнството на Турција.

Јованка Радичевиќ и понатаму игра одлично и во тимот на сезонaта на позицијата десно крило.

Кастамону е новиот шампион на Турција од чија екипа во идеалниот тим има четири ракометарки, додека македонските интернационалки со Коњалти завршија на 4. место.