Двајца ракометари на тим од СЕХА со полесни симптоми на коронавирусот

Покрај големиот број на ракометари од Бундес лигата меѓу кои најмногу беа од тимот на Рајн Некар, заразени со коронавирусот имаше и во тим кој играше во СЕХА. Се работи за двајца ракометари од Пекинг Универзитет, кои во втората група се вратиле од Загреб за Кина.

Според информациите кои ги пренесува тренерот на тимот Владо Шола, ракометарите биле зимата во Кина и биле тестирани кога се вратиле назад во Загреб.

„Втората група на ракометари кои се вратија во Кина бидејќи не можеа сите со ист лет остана подолго во самоизолација одпредвиденото. Причината беше во тоа што кај двајца ракометари имаше полесни симптоми на коронавирусот. Сепак, тие се добро“, велитренерот на Пекинг СУ, Владо Шола.

Инаку, двајца од ракометарите кои се од Шангај не биле ниту во самоизолација после враќањето. Откако било утврдени дека немаат симптоми им било кажано дека не е потребно да се самоизолираат.