Двајцата нови вардарци играа еден против друг (ФОТO)

По Васко Шеваљевиќ, кој го стави потписот на договорот со Вардар уште зимава, но членови на „црвено-црниот“ тим од лето ќе бидат Србинот Дарко Ѓукиќ и Хрватот Анте Кудуз.

Тие двајца играа еден против друг на мечот меѓу Спортинг Лисабон и Динамо Букурешт во рамките на Лигата на Европа.

Ѓукиќ стрелаше три пати, додека Кудуз не се запиша во листата на стрелци. Португалскиот тим и покрај поразот во трилер мечот, 28-29, обезбеди место во осминафиналето, додека романскиот тим ќе го заврши настапот.

Ѓукиќ ќе му прави друштво на Гоце Георгиевски на десната крилна позиција, додека Кудуз заедно со Шеваљевиќ ќе го сочинуваат тандемот на левата бековска позиција, со оглед на тоа што им истекуваат договорите на Талески и Дисингер и нејасно е дали некој од нив ќе продолжи во Вардар.