„Да можевме да бираме, сигурно немаше да одбереме група со Норвешка, Македонија и Холандија“

Машката репрезентација на Македонија ќе игра против Норвешка, Аргентина и Холандија на Мундијалот во Полска и Шведска во 2023 година.

Аргентинците ќе бидат предводени од Гиљермо Милано, кој дојде лани на местото на искусниот Маноло Каденас.

„Среќен сум што може да почнам да работам и да мислам на Мундијалот. Со оглед на ривалите што ги добивме, сигурни немаше да одбереме ваква група со Норвешка, Холандија и Македонија. Како и да е, ќе се бориме со големи репрезентации. Тоа ќе ни послужи да се подготвиме уште подобро за нашата главна цел – првенството на Средна и Јужна Америка во 2023 година“, вели Милано.

Аргентина ќе биде ривал на Македонија во последното коло на 17 јануари, а претходно избраниците на Кире Лазаров ќе се соочат на 13 и 15 јануари со Норвешка и Холандија.