„Да играте за Веспрем е како да возите за Ферари во Формула 1“

Унгарецот Золтан Сита кој потекнува од ракометната школа на Веспрем сега настапува за полскиот тим Висла Плоцк, иако во 2019 година една од опциите беше и трансфер во Целје.

Oдлуката да настапува за Висла Плоцк, сепак, беше вистинскиот избор за него каде што соработува со Хавиер Сабате кој одлично го познава Сита уште од неговите тинејџерски денови.

Во интервју за унгарскиот „Немзети спорт“, Золтан Сита зборуваше меѓудругото и за неговата иднина и можноста еден ден повторно да го облече дресот на тимот каде што започна да игра ракомет.

„Имам уште една година од договорот со Висла Плоцк кој деифинитивно ќе го одработам до крај. За понатаму уште не знам. Дали би сакал да се вратам во Веспрем? Да играте за Веспрем е како да возите за Ферари во Формула 1. Би било остварување на мојот сон да играм пред мојата публика. Сепак јас продолжувам да работам за да станам најдобриот играч што можам да бидам. Сакам да сум дел од националниот тим на Унгарија и да ја претставувам земјата на Светското првенство во Египет“, рече Сита.