Дарко Ѓукиќ за 24Ракомет ТВ: Македонија е со подмладен состав, но сите се квалитетни играчи (ВИДЕО)

Ракометарот кој се враќа во Македонија и ќе го носи дресот на Вардар во новата сезона, Дарко Ѓукиќ денеска ќе игра против сениорската репрезентација на Македонија на контролната средба во Ниш oд 18 часот. Тој е дел од составот на Србија така што ќе биде навистина интересно на теренот.

И самиот Ѓукиќ очекува интересна средба, а даде пофални зборови за младите момци во составот на Македонија.

„И за нас и за Македонија на овој двомеч е да се види на кого можеда се смета за ЕП. Македонија е со подмладен состав. Се работи за квалитетни играчи кои досега не добиваа шанса. Очекувам интересен дуел и ќе биде важно за двете екипи бидејќи можеда се уиграме и да се подготвиме за акциите кои следуваат до Европското првенство“, коментираше Ѓукиќ за 24Ракомет ТВ.

Комплетната изјава во која Ѓукиќ зборува и за Вардар и за соработката со новиот селектор можете да ја погледнете во видеото во продолжение.