Дарија Дмитриева побара и доби одмор – ќе паузира до крајот на годината

Капитенот на женската репрезентација на Русија, Дарија Дмитриева одлучи на кратко да се повлече од ракометот.

Ракометарката на ЦСКА Москва ваквата одлука ја најави уште пред одржувањето на Олимписките игри во Токио.

Дмитриева со нејзината репрезентација го освои сребрениот медал на најголемата спортска манифестација и беше една од клучните ракометарки во рускиот тим.

Нејзината пауза ќе трае до крајот на годината и се очекува на ракометните терени да се врати од месец јануари. Русинката ќе го пропушти Светското првенство во Шпанија кое ќе стартува на 1 декември.

Отсуството на Дмитриева во ЦСКА Москва ќе биде надополнето со новата ракометарка, Карина Сабирова, но и со искусните Екатерина Илина и Наталија Чигиринова кои ја сочинуваат плејмејкерската позиција.