Дарио Алушовски избран за најдобар голман во Австралија

Македонија имаше претставник на клупското првенство на Австралија и Океанија во голманот Дарио Алушовски, кој брани за тимот на Канбера.

Младиот голман, кој е син на поранешниот репрезентативец на Македонија, Стевче Алушовски, бранеше во одлична форма и заслужено го доби признанието за најдобар голман на турнирот.

Клупското првенство на Австралија и Океанија го освои тимот на Сиднеј Универзитет со триумфот над Квинсленд од 26:21 и обезбеди место на Супер Глоуб.

Во натпреварот за третото место, тимот на Дарио, Канбера, направи изненадување и ја совлада екипата на УТС со два гола разлика, 20:18.

Алушовски со три интервенции во клучните моменти на својот тим му донесе бронзен медал. 24 годишниот голман во Македонија настапуваше за екипите на Металург, Работнички, Прилеп, Металург РА и Аеродром. Беше член и на младинската репрезентација на Македонија.