Данците пристигнаа во Битола и веднаш се фатија за работа

Ривалот на Еурофарм Пелистер во првото коло од Лига на Европа, тимот на Архус во раните утрински часови тренираше во спортската сала „Боро Чурлевски“ и имаше краток период за адаптација.

Тимот на Архус, кој до главната фаза стигна со две победи над Кристијанштад во второто квалификациско коло, ќе атакува на триумф во вечерашниот дуел против „фармацевтите“,

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Архус ќе се одигра со почеток од 20:45 часот и се очекува спортската сала „Боро Чурлевски“ да биде исполнета до последно место.

Судии на овој натпревар ќе бидат Фабиан Баумгарт и Саша Вајлд од Германија, додека делегат на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Хрватот Синиша Рудиќ.