Данците објавија список за СП: Без Маркусен, Грин, Тофт Хансен….

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, објави скратен список од 20 ракометари, што ќе бидат дел од селекцијата на Светското првенство во Египет.

На списокот најголемо изненадување е тоа што го нема голманот на Магдебург, Јаник Грин, кој беше поддршка за Ландин во последните неколку години. Повикани се Мелер и Нилсен од Барселона и Нант.

Ги нема двајцата ракометари на Веспрем, повредениот Лауге Шмит и џинот Маркусен, како ниту десното крило Линдберг, кое игра во одлична форма. Во Египет нема да игра ни Рене Тофт Хансен, но на пикерската позиција Јакобсен ќе ги има Закаријасен, Хенрик Тофт Хансен, Симон Халд, како и Магнус Саугструп.

Данска ќе одигра две пријателски средби против соседот Норвешка на 7 и 9 јануари во Колдинг, во рамките на Бигма Купот, како последен тест пред заминувањето за Египет.