Данците не сакаат да има навивачи во Египет!

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Данска, Николај Јакобсен, во изјава за данската ТВ2, истакна дека не се согласува со одлуката на организацискиот комитет, ракометниот мундијал во Египет да се игра со публика.

Од Светската ракометна федерација најавија дека ќе има ограничен број на билети во продажба.

„Не се согласувам со организацискиот комитет на Мундијалот. Мислам дека треба да се игра без гледачи за да ги заштитиме репрезентативците барем малку. Борбата со корона ќе биде многу потешка ако на трибините има неколку илјади навивачи“, изјави Јакобсен.

Светското ракометно првенство во Египет започнува на 13 јануари и ќе трае до 31 јануари. Во првата фаза, Данска има лесна група и ќе игра со репрезентациите на Аргентина, Бахреин и Конго.