during the Women’s EHF EURO 2020 Norway, Denmark - FinaI Weekend, Semi final match, Norway vs Denmark, Jyske Bank Arena, Herning Denmark 18.12.2020, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Данска не издржа, Норвежанките со супер пресврт до ново финале на ЕП

Во натпревар со две различни полувремиња селекцијата на Норвешка успеа да обезбеди ново финале на Европските првенства откако го совлада составот на Данска со 27:24.

Составот на Норвешка најде противигра во второто полувреме и направи пресврт така што на крајот се радуваше на триумф кој беше и повеќе од доволен за да се дојде до финалето и битка за осмото злато на европските шампионати.

Ракометарките од Данска беа порасположени на стартот од средбата. Успеаја да наметнат свое темпо и да дојдат до предност. Имаа водство кое го контролораа постојано и беа во позитива од три или четири гола.

Таквата игра овозможи селекцијата на Данска да дојде до резултат кој ќе овозможи на одмор да бидат во убава позитива. Доколку Норвежанките не засилеа во завршницата од првиот дел разликата ќе беше далеку поголема. На тој начин Данска имаше 13:10 така што стигна до позитивен резултат пред одморот.

Во вториот дел работите дојдоа до  едно поинакво ниво. Норвешка тргна со далеку посилно темпо на игра. Почнаа да функционираат редовите далеку подобро, одбраната беше поцврста, нападот поефикасен и тоа донесе брзо израмнување.

Веќе во 35. минута се дојде до нерешени 14:14, а три минути подоцна селекцијата на Норвешка дојде и до предност од 16:15 така што тука го презеде диктирањето на темпото. На лошата игра во нападот, ракометарките на Данска наидоа и на одлично расположената Катрин Лунде на голот на Норвешка која бранеше одлично и запре неколку тешки удари со што придонесе за создавањето на убава предност.

during the Women’s EHF EURO 2020 Norway, Denmark – FinaI Weekend, Semi final match, Norway vs Denmark, Jyske Bank Arena, Herning Denmark 18.12.2020, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

На влезот на последните десет минути веќе беше јасно кој победува бидејќи Норвежанките многу лесно ја зголемуваа предноста. Разликата се движеше од два до четири гола, а времето се трошеше така што стануваше јасно дека ќе нема многу простор за пресврт.

Место враќање во игра следуваше капитулација после која Норвешка можеше да слави со 27:24 и да го завери новиот пласман во финалето на Европското првенство.

НОРВЕШКА – ДАНСКА  27:24 (10:13)

Сала: Јиске Банк Боксен во Хернинг. Судии: Кристина Настасе и Симона Ралука Станку од Романија. Делегати: Кармен Мачадо Лопез од Шпанија и Драган Начевски од Македонија.

НОРВЕШКА: Лунде (5 одб.), Солберг (6 одб), Рајстад 3/6, Арнцен, Кристијансен 2/5, Фрафјорд 1/1, Локе, Скогранд 2/3, Морк 6/9, Офтедал 4/8, Ларсен 1/2, Дале 4/5, Јакобсен, Херем 2/5, Солберг-Исаксен 2/2, Брајстол.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 2 мин.

ДАНСКА: Тофт (12 одб.), Рајнхардт, Педерсен 2/2, М. Т. Хансен, А. М. Хансен 2/5, Хајндал 2/5, Хаугстед 3/6, Транборг 0/4, Лунд, А. У. Хансен, Јоргенсен 1/2, Бидструп 7/9, Јансен Остергард 3/4, Бургард 1/3, Хојлунд 1/6, Иверсен 2/3.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 6 мин.