Данската ѕвезда се враќа дома: Микел Хансен три години во Алборг!

Еден од најдобрите ракометари во светот, Микел Хансен, следното лето, во 2022 година ќе си замине од ПСЖ.

Според данската ТВ 2, левиот бек потпишал договор на три сезони со Алборг, иако ниту едната, ниту другата страна не ја потврдуваат оваа информација.

33-годишниот Хансен во 2012 години од АГ Копенхаген се пресели со ПСЖ, но не му помогна на францускиот тим да стигне до европската круна.

Претходно беше дел и од Барселона, ГОГ Гудме со кој ја освои титулата во Данска во 2007 година.

За националниот тим досега постигна 1099 голови, но сепак има уште многу голема разлика со првиот на вечната листа, Ларс Кристијансен, кој има постигнато 1503 погодоци.