Дамите почнуваат на средина на март, шампионот ќе се круниса на 13 јуни

Женската лига сезонава број 13 екипи, а после есенскиот дел тимот на Куманово е во предност во однос на конкуренцијата.

Дел од екипите се засилија за пролетната полусезона и веќе е сосема јасно дека вториот дел од сезоната ќе биде максимално интересно бидејќи Металург, Вардар и Чаир ќе сакаат да го стигнат Куманово и секој натпревар меѓу нив ќе биде доста возбудлив.

Првото дерби за Куманово ќе биде во 16. коло на крајот од март и почетокот на април против Чаир на домашен терен. Во 20. коло исто така на домашен терен на 28 или 29 април ќе игра против составот на Металург, а и против Вардар кумановки играат дома и тоа во 23. Коло на 22 или 23 мај.

Металург ќе му гостува на Чаир веќе во второто пролетно коло (15. коло) на 27 или 28 март, додека во 22. коло е дербито меѓу Вардар и Металург во СЦ „Јане Сандански“. Тој натпревар треба да биде одигран на 15 или 16 мај.

Тимот на Чаир ќе гостува кај Вардар на 10 или 11 април во 18. коло.