ДАЛИ Е МОЖНО? Постигнаа само еден гол за полувреме и тоа од седмерец!

На натпреварот меѓу Шамот Аранѓеловац и Рудар Костолац од српскиот шампионат се случи нешто невообичаено за ракометните средби.

Ракометарите на Рудар Костолац постигнаа подвиг за Гинис, откако во вториот дел постигнаа само еден погодок и тоа од пенал.

Единствениот гол на Рудар беше постигнат во 49. минута од пенал, а конечниот резултат беше поставен во 51. минута и до ккрајот немаше повеќе погодоци цели девет минути!

Иако гостите од Костолац водеа со 12-9 по првиот дел, сепак Шамот ја однесе победата со 18-13.

Шамот е претпоследен на табелата, а Рудар е последен.