Дадоа 41 погодок, но на крај останаа со празни раце

Натпревар на кој паднаа дури 83 погодоци беше одигран во шестото коло од Асобал лигата минатиот викенд.

Многу ретко се случува некоја екипа да постигне дури 41 погодок, но на крајот пак да остане со празни раце.

Таков беше случајот со екипата на Уеска, која загуби на домашен терен од составот на Хелветиа Анаитасуна со 42-41.

По првото полувреме на овој натпревар беше 21-21, а вториот дел го доби гостинската екипа со 21-20.

Уште еден интересен факт е што само еден ракометар беше двоцифрен, а двете екипи искористија дури 83 напади од 105 обиди.

Четворицата голмани што влегоа во игра од Уеска и Анаитасуна успеаја да одбранат 15 удари на ривалите.