Дабевска со тројка, Дунајварош немаше шанси со лидерот

Составот на Дунајварош го претрпе вториот пораз во 3. коло од шампионатот на Унгарија откако на гостувањето на Шиофок немаше многу шанси, па од овој дуел си заминаа со резултат 25:39.

Сања Дабевска која е дел од тимот на Дунајварош успеа да погоди трипати во мрежата на моменталниот лидер на табелата во најсилната женска лига во Унгарија. Таа полека го добива своето место во составот за кој потпиша ова лето.

Инаку, Дунајварош се наоѓа во долниот дел од табелата, а досега има една победа и два порази.