Густо е на врвот – Димевски и Дука го делат лидерското место на листата на стрелци!

По комплетирањето на 8. коло во плеј-оф и плеј-аут фазата во Првата лига, ракометарите на Работнички, Давид Димевски и Ѓорѓи Дука, го делат првото место на листата на стрелци со 168 погодоци.

По Димевски и Дука, следува искусниот ракометар на Голден Арт, Ивица Илиев, кој има три гола помалку (165). На 4 место се наоѓа довчерашниот лидер на стрелците, Мојсие Тасески со 156 погодоци.

Тасески на претходните три натпревари, против Партизан, Шампион и Преспа, не беше во кичевскиот состав. Неговиот тим во последното коло од плеј-аут фазата ќе гостува во Велес кај Борец.

Меѓу најдобрите 10 стрелци, моментално, се наоѓаат и Митко Караиванов, Иванче Ончев, Ѓорѓе Банцалиски, Ѓорѓи Ташев, Влатко Тасевски и репрезентативецот на Македонија, Мартин Серафимов. За потсетување, Иванче Ончев, играше само во регуларниот дел во Првата лига, додека во вториот дел направи трансфер во Радовиш.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ, ПРВА ЛИГА – ТОП 10

1.Давид Димевски (Работнички) 168
Ѓорѓи Дука (Работнички) 168
3.Ивица Илиев (Голден Арт) 165
4.Мојсие Тасески (Кичево) 156
5.Митко Караиванов ( Младост) 155
6.Иванче Ончев (Астраион) 144
7.Ѓорѓе Банцалиски (Партизан) 143
8.Ѓорѓи Ташев (Вардар Неготино) 137
9.Влатко Тасевски (Куманово) 135
10.Мартин Серафимов (Алкалоид) 133