Грчевски и Кастратовиќ освоија сребро со Саудиска Арабија на Арапските игри

Селекцијата на Саудиска Арабија го освои сребрениот медал на 13 издание на Арапските игри кои се одржаа во Алжир.

Селекцијата предводена од Зоран Кастратовиќ, а во чиј стручен штаб е Кристијан Грчевски кој е „десна рака“ на Кастратовиќ, загуби во финалето од Катар со 38-24.

Во битката за бронзениот медал домаќинот Алжир, кој славеше против селекцијата на Иран со 31-29.

Грчевски сега го очекува втор голем предизвик ова лето – настапот на Европското првенство за кадетки во Црна Гора од 3 до 13 август.