„Групата е тешка, но одиме на пласман во главната фаза“

Селекторот на репрезентацијата на Србија, Тони Херона очекува добра партија на неговите избраници на Европското првенство 2022 во Унгарија и Словачка.

Србија се наоѓа во Ц групата, а нејзини ривали се репрезентациите на Хрватска, Франција и Украина.

Херона се надева на добро отворање на неговите ракометари против репрезентацијата на Украина, но и борба во дуелите со Хрватите и Французите.

„Јасно е дека имаме многу тешка и силна група. Што се однесува до нашите амбиции, ништо не се менува. Ние сакаме да се пласираме во главната рунда, тоа е нашата цел. Сепак, сѐ останува во нашите раце. За да се пласираме во следната фаза, треба да победиме на два натпревари. Ќе сториме сѐ за да се подготвиме најдобро што можеме, имаме доволно време. Сигурен сум дека ќе бидиме добро подготвени за првиот натпревар против Украина на 13 јануари, а потоа се надевам дека ќе имаме добра партија против Хрватска и Франција”, изјави Херона.